Меган, Хари и Арчи одат на турнеја низ Африка!

28 јуни 2019

По неколку дена шпекулации, конечно Меган и Хари потврдија дека оваа есен заминуваат на турнеја низ Африка заедно со синот Арчи.

Ова ќе биде прва  официјална турнеја за нив како семејство, а во текот на истата Меган и Хари ќе посетат бројни хуманитарни настани од кои дел посветени на неговата мајка, принцезата Дијана.

Турнејата се очекува да започне на есен кога Арчи би имал шест месеци, со што ќе биде и најмладиот член на кралското семејство кој заминал на турнеја низ светот.

За време на турнејата, принцот Хари сам ќе ги посети Малави и Ангола, додека заедно ќе ја посетат Боцвана и некои други предели.

Со посетата на Ангола, Хари ќе ја продолжи хуманитарната работа на неговата мајка, принцезата Дијана која посвети неколку години работејќи заедно со хуманитарните заедници во Африка.

 

Објавено:
28 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
494 пати