Меган и Хари го очекуваат своето второ дете

14 февруари 2021

Магазинот „Пипл“ ја имаше ексклузивната вест дека (некогашната) кралска двојка, Меган и Хари го очекуваат своето второ дете.

„Ги потврдуваме новостите, Арчи ќе биде поголемиот брат. Војводата и војвотката од Сасекс се премногу радосни и возбудени што ќе се остварат како родители по втор пат“, гласи изјавата од нивниот ПР за споменатиот магазин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

 

Веста е потврдена и преку црно-бела фотографија на двојката, на која Меган го носи истиот фустан од брендот „Каролина Ерера“ како и кога беше бремена со Арчи, кој во мај годинава ќе наполни две години.

Интересно е што двојката одлучила да ја соопшти убавата вест токму на 14 февруари, датата на која и Лејди Ди пред 37 години соопшти дека е бремена со принцот Хари.

Во ноември минатата година, Меган проговори за спонтаниот абортус, кој ѝ се случил неколку месеци претходно.

„Да изгубиш дете значи да носиш со себе речиси неиздржлива тага, која многумина ја доживуваат, но ретко кој зборува за тоа“, напиша таа во есејот за „Њујорк Тајмс“.

За потсетување, Меган и Хари, официјално се повлекоа од нивните сениорски кралски титули минатата година, со желба да имаат „нормален“ семеен живот.

Објавено:
14 февруари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
473 пати