Меган и Хари на „babymoon“ во луксузен хотел во Хемшир

5 април 2019

Новото кралско бебе се очекува да се роди во текот на месец април, а младите родители го користат секој миг уште малку да уживаат сами.

Пред раѓањето на нивното прво бебе, Меган и Хари заминаа на тридневен одмор во еден луксузен хотел во Хемшир каде едно ноќевање чини 33.000 фунти.

Хотелот е изграден во 18 – тиот век, а денеска е еден од омилените на познатите личности меѓу кои и Лив Тајлер, Кара и Попи Делевињ и многу другиу холивудски актери и пејачи.

Очекувано, кралската двојка престојува во најлуксузниот и најскап апартман во хотелот со неколку соби меѓу кои и спална, дневна, тераса и огромен двор.

Инаку, по неколку месеци реновирање и средување, Меган и Хари конечно се преселија во нивниот нов дом на село каде ќе живеат со нивното прво дете.

Минатиот месец кралската двојка најави дека со преселувањето во новиот дом ќе ангажираат и цел нов комуникациски тим, а пред некој ден отворија и свој официјален Инстаграм профил каде ќе бидат објавувани хуманитарните работи со кои се занимаваат и посетите ширум светот.

Дел од британските медиуми велат дека Меган ќе ја прекрши долгата традиција на кралските дами кои своите деца ги раѓаат во познатата болница St.Mary и ќе се породи во друга приватна болница.

Со тоа, не се знае дали тие воопшто ќе позираат со нивното бебе и дали ќе го запознаат светот со него.

Инаку, нивното бебе се очекува нетрпеливо во Британија, можеби повеќе од сите останати, со оглед на тоа што ова ќе биде првото бебе мулатче во кралското семејство.

 Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
877 пати