Меган Маркл е прекрасна трудница во целосно бел стајлинг

13 февруари 2019

Војвотката Меган Маркл е дефинитивно една од омилените кралски личности, а откако стана сопруга на принцот Хари на речиси сите појавувања изгледа совршено.

Тоа беше случај и со вчерашниот настан каде кралското семејство гледаше претстава за Чарлс Дарвин во историскиот музеј.

На настанот таа се појави во целосно бел стајлинг составен од шармантен бел ролка фустан од Калвин Клајн во комбинација со бело капутче од колекцијата на Аманда Викли и темно зелени високи потпетици и чанта во иста нијанса од Ралф Лорен.

Овојпат таа се одлучи за едноставна фризура во шармантна пунџа и шминка со акцент на очите кои секогаш ги истакнува.

И принцот Хари беше подеднакво стилски како неговата сопруга, а овојпат одбра темно син костим во пруги во комбинација со бела кошула и вратоврска со сиви детали.

Војвотката која најверојатно треба да се породи во април, изгледаше навистина расположено, постојано со широка насмевка по која и стана позната за кратко време.

Кралската двојка сè уште не го објавила полот на бебето, а како што кажаа неодамна, можеби и тие самите ќе остават тоа да биде изненадување.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
13 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.250 пати