Меган Маркл ја изненади Серена Вилијамс на Вимблдон

5 јули 2019

Во друштво на две пријателки, Меган Маркл се појави вчера на Вимблдон. Нејзината пријателка Серена Вилијамс вчера победи во дуелот со Словенката Каја Јувен, а Меган ѝ ја пружи сета поддршка и ѝ честиташе на успехот.

За разлика од Кејт која речиси секогаш бира женствени и елегантни комбинации кога се појавува на тенискиот турнир, Меган се одлучи за полежерна комбинација. 

Војвотката од Сасекс се појави во фармерки, црна едноставна маичка и бел блејзер на риги, со дворедно закопчување.

Маркл стајлингот го направи впечатлив со црно-белата шапка, дискретно ланче, очила за сонце и црни чевли на висока потпетица.

Присуството на војвотката беше секако забележано, а таа беше расположена да ги поздрави оние што седеа околу неа. 

Инаку, ова е трето појавување на Меган во јавноста, по раѓањето на синот Арчи. Во британските медиуми се појавија шпекулации дека токму нејзината пријателка Серена би можела да биде кума на малиот Арчи. Тие две одамна се дружат, но потврда за информациите се уште нема.

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.653 пати