Меган Маркл за прв пат се појави во јавност по четири месеци!

16 јули 2020

Откако официјално го напуштија британското кралско семејство и станаа финансиски независни, поранешната војвотка од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, речиси воопшто не се појавуваа во јавноста.
Во меѓувреме, во екот на пандемијата, од Канада се преселија во Беверли Хилс, Лос Анџелес, каде деновиве беа фотографирани во јавност, за прв пат после четири месеци.

Како што пренесуваат странските медиуми, двојката била фотографирана додека се упатувала на состанок.
За приликата, Меган носи лежерна летна комбинација и задолжителна заштитна маска. Асиметричниот, едноставен бел фустан е со потпис на етикетата Magic Linen, комбиниран со Шанел балетанки и сламен шешир.

Славниот пар последен пат беше во Лондон, во официјална, претходно договорена посета на британското кралско семејство кога и формално се откажаа од нивните кралски должности.

Фото: Инстаграм

Објавено:
16 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.977 пати