Меланија Трамп повторно прекрасна во фантастичниот капут на „Диор“

22 ноември 2018

Од некој што дизајнерите го бојкотираа, Меланија Трамп прерасна во модна икона, чиј стил е беспрекорен. Неодамна, на традиционалната церемонија по повод Денот на благодарноста, првата дама на САД повторно го привлече вниманието со уште една успешна модна комбинација.

Таа се појави во црна комбинација која подразбира тесни црни панталони, џемпер и чизми до колена на високи потпетици, од Лубутан.

Овој монохроматски изглед го „освежи“ со впечатлив капут од модната куќа „Диор“. Се работи за волуменозно парче со геометриски облици во црвена, црна, бела и беж нијанса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump.style) onNov 20, 2018 at 11:15am PST

 

Модните стручњаци го одобрија овој изглед, но не и Твитер заедницата, која ја спореди Меланија со мисирка.

Познато е дека Меланија често бира впечатливи палта и капути со кои комбинациите ги прави ултра впечатливи. Така беше и со цветното палто на Долче и Габана кое чинеше преку 50.000 долари, но и она од минатата година на истиов настан, со потпис на Стела Мекартни. Пред неколку дена пак, изборот беше кариран долг капут од Мајкл Корс.

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.831 пати