Меланија Трамп во елегантно издание за Денот на независноста на САД

6 јули 2020

На традиционалната свеченост по повод 4 јули, Денот на независноста на САД, првата дама Меланија Трамп го придружуваше претседателот Доналд Трамп, во елегантно издание во какво впрочем секогаш очекуваме и да ја видиме на ваква свеченост.

Големиот национален празник на Американците, таа им го честиташе облечена во едноставен, женствен бел фустан без ракави, акцентиран со широк ремен околу струкот со што се дава дополнителен стилски ефект.


Софистицираниот изглед на првата дама е надополнет со беспрекорната фризура и шминка, а аутфитот е заокружен со исто толку елегантни бели чевли.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
666 пати
Тагови: 
Меланија Трамп