Меланија Трамп во фантастичен виолетов капут со ремен

15 април 2019

Првата дама на Америка постојано воодушевува со изборот на парчиња, особено кога се официјалните посети во прашање.

Викендов во Белата куќа пристигна претседателот на Јужна Кореја Миун Џае – ин со неговата сопруга Ким Џанг – сук, по што следеа и официјални фотографии пред влезот на куќата.

За оваа пригода таа одбра виолетов капут од колекцијата на Луј Витон што дополнително го украси со црн ремен на половината и црни високи потпетици.

Фризурата и овојпат беше во раскошни бранови, а шминката едноставна со нагласена сенка на очите.

Таа уште еднаш докажа дека речиси секогаш одбира одлични комбинации што совршено ѝ стојат на градбата, но и дека стилските капути и палтата се нејзино омилено парче.

Сопругата на претседателот на Јужна Кореја за средбата во Вашингтон се одлучи за свилено палто и фустан одоздола со ист принт во крем нијанса, комбинирани со чевли на потпетица.

Инфо и фото: Elle.rs

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
333 пати