МЕТ гала: Блејк Лајвли ништо помалку атрактивна и на афтер забавите

4 мај 2022

И ден потоа сѐ уште се зборува за Блејк Лајвли и нејзината стилска доминација на МЕТ галата, а веројатно ќе се зборува уште долго со оглед на тоа дека креацијата на Версаче што таа ја носеше, е врвна уметност.

Но, Лајвли не беше ништо помалку атрактивна и на афтер забавите што традиционално се одржуваат по главниот настан.

Повторно одбра дизајн на Версаче, но овојпат во мини верзија и драстично поразлична креација од онаа со која го украде целото внимание на црвениот килим.

Веројатно веднаш ќе ја воочите инспирацијата пронајдена во естетиката на Мулен Руж, интерпретирана преку мини корсетиран фустан во силна црвена боја акцентиран со црни детали.

Во галеријата во продолжение, погледнете како изгледаа и другите ѕвезди што присуствуваа на забавите по МЕТ галата.

Фото: Vogue, E!

Објавено:
4 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.097 пати