Мила Јовович на 43 години го очекува третото дете

8 август 2019

Актерката Мила Јовович со шеговита, но емотивна објава на нејзиниот Инстаграм профил објави дека го очекува третото дете со сопругот Пол Андерсон.

„Откако дознав дека сум бремена пред 13 недели, моите чувства беа толку измешани. Се чувствував многу среќна, но и толку исплашена. Прво, поради моите години, а второ поради тоа што го изгубив последното дете. Не сакав да се врзувам за ова бебе премногу брзо. Очигледно, тоа не беше интересно и последниве неколку месеци јас и моето семејство живеевме во страв чекајќи разни резултати и поминувајќи го времето по разни доктори’, пишува актерката и манекенка во објавата.

Таа продолжува:

„Му благодарам на Бога што сега можам да кажам дека сѐ е во ред. Среќни сме што можеме да ви соопштиме дека очекуваме уште едно девојче. Посакајте ми среќа мене и на моето бебе. Ве сакам и ќе ве известувам за тоа како напредуваме“, ја заврши објавата прекрасната Мила.

Претходно, во четвртиот месец од бременоста таа морала да го абортира нејзиното бебе како резултат на компликации додека снимала филм во Источна Европа.

„Почнав предвреме да се пораѓам и ми рекоа дека морам да останам будна за време на целата процедура. Тоа беше едно од најстрашните искуства во мојот живот. Сѐ уште имам кошмари, бев сама и беспомошна. Кога ќе помислам на фактот дека жените понекогаш мора да се соочат со вакви работи и во полоши услови од моите, ми се превртува стомакот“, напиша претходно Мила на нејзиниот профил, сакајќи да им даде поддршка на сите кои минуваат низ истото.

Ова ќе биде трето дете за актерката и нејзиниот сопруг, режисерот Пол Андерсон со кого веќе има две ќерки, Евер Габо, 11 и Дашиел Идан, 4 години.

Инфо: Mirror

Фото: Milla Jovovich/Instagram/twitter 

Објавено:
8 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.238 пати