Миранда Кер и Орландо Блум се разведуваат

25 октомври 2013

Манекенката Миранда Кер и актерот Орладно Блум го потврдија крајот на нивниот брак. Двојката од бракот го има едно годишниот син Флин, а двајцата велат дека без некакви потешкотии се спогодиле за разделбата. Лицето за односи со јавност во име на славниот пар ја потврди веста дека тие неколку месеци не се заедно, а сега конечно ја објавуваат и разделбата.

-После шест години заедно, тие заеднички одлучија да му стават крај на бракот.Сепак се почитуваат како семејство поради нивниот син, гласи соопштението.

Последен пат папараците заедно ги фотографираа во месец септември за премиера на Бродвеј.

 

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Сцена