Миранда Кер неуморна од ангажмани

4 март 2014

Моделот Миранда Кер стана заштитно лице од новата рекламна кампања на познатиот спортски бренд Рибок. Во рекламата која трае 30 секунди, манекенката забрзана влегува во својот апартман, па директно во купатилото, а на себе има лежерна спортска гардероба која полека ја соблекува. Поентата на рекламата се патиките кои Миранда „заборава“ да ги соблече под туш. Инаку, освен новата реклама на Рибок, манекенката постојано реди нови ангажмани.

Од ревија на Соња Рикел Од ревија на Соња Рикел

 

Последно ја гледавме на Париската модна недела кога ја отвори ревијата на дизајнерката Соња Рикел, а претходно таа стана амбасадор на Келвин Клајн и Сваровски.

 

Објавено:
4 март 2014
Категорија: 
Сцена