Мирослава Дума – шик трудница на Модната недела во Њујорк

9 септември 2014

Неминовен е фактот дека Њујоршката модна недела исто толку внимание привлекува на уличните, колку и на модните писти и стилските херои не ретко седат во првите редови апсорбирајќи го понуденото модно мени за идната сезона.

Како највпечатлива личност која ги разбранува медиумите овие денови е модната уредничка и стрит икона Мирослава Дума која е во блажена состојба и го очекува второто дете. И покрај тоа што е веќе во поодмината бременост, Дума плени со својот стил и изглед кој е комплетно во согласност со нејзината состојба. Таа изгледа многу слатко и собира симпатии каде и да се појави. Се чини дека бременоста и дава посебен драж и шарм на оваа трендсетерка. Мирослава Дума седи во првите редови, будно ги следи најновите модни тенденции за наредната топла сезона и комплетно препуштајќи и се на модната магија во Њујорк.

md

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Сцена