Мис Универзум 2022 - раскош на вечерни тоалети

17 јануари 2023

Преку славење на убавината и пријателскиот дух, се одржa 71-от Мис на Универзумот. Гламур, раскош, бисерни насмевки, очи полни надеж, доза контроверзии и секако модни изданија во полн сјај.

Годинава на изборот, кој што се одржа во Њу Орлеанс, САД, титулата најубава ја понесе американската преставничка Р'Бони Габриел. Дваесет и осум годишната модна дизајнерка е прва американка со азиско потекло која успеала да победи на ваков натпревар.

За прва придружничка беше избрана претставничката од Венецула, а за втора убавицата од Доминиканска Република.

На Мис Универзум 2022 учествуваа речиси 90 натпреварувачки.

Годинава за прв пат беше дозволено да земат учество и мажени жени и мајки, но сепак немаше такви преставнички.

Организаторите дозволија руската претставничка да учествува на изборот и покрај тоа што ѝ беа забранети учества на останатите слични манифестации поради конфликтот со Украина.

Погледнете како изгледаа некои од вечерните тоалети на Мис Универзум 2022:

Фото: Facebook, Pinterest

Објавено:
17 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
654 пати