Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама речиси и да нема грешка кога се работи за стилските комбинации што секогаш совршено ги одбира.
Од неодамна, таа се појавува со нејзината природна виткана коса што ѝ прилега неодоливо, во летни стилски стајлинзи кои секогаш се инспирација за дамите.
Деновиве можевме да ја видиме во едноставен и лежерен бел фустан со должина до под колената, деколте и куси ракави, а таа одлично го комбинираше со кафени сандали на потпетица и впечатлива чанта.
Во овој стајлинг таа се појави во еден познат хотел во Трибека на хуманитарен настан и ручек со Сара Џесика Паркер, Оливија Мун, Лили Олдриџ и Џорџа Меј Џегер.
Подеднакво стилска беше и во комбинацијата во која се појави на настан во Ховард универзитетот во Вашингтон, составена од темно зелени широки панталони и маичка во иста нијанса, дополнета со колоритна наметка како одличен избор за летните вечери.
Дека ова лето нејзино омилено и се чини најудобно парче се широките панталони изработени од лежерен материјал докажа и со уште едно појавување во елитниот француски ресторан Le Bernardin, а истите тогаш ги усогласи со маичка со животински принт и златно – сребрени влечки.
Со овие три стајлинзи, таа по којзнае кој пат докажа дека е кралица на стилот и секогаш знае да ги одбере совршените парчиња за секоја пригода.
И секако, дека е модна инспирација за сите дами ширум светот.
Инфо и фото: Daily Mail