Моделите ги покажаа беспрекорните тела во одлични тоалети на Амфар Галата

6 февруари 2014

Бехати Принсло, Лили Олдриџ и Ерин Хатертон беа само дел од прекрасните манекенки кои вчера се појавија на Амфар Галата во Њујорк. Традиционално, Амфар Галата се одржува секоја година пред почетокот на модната недела во Њујорк и на истата присуствуваат некои од најпознатите модели и џетсетери од светот.

collage

На овогодинешната Гала како што и се очекуваше, моделите што се појавија на црвениот килим изгледаа беспрекорно покажувајќи ги телата што ги подготвувале изминатиот период, а кои ќе ги видиме на модната недела која почнува денеска во Њујорк.

Оваа година највпечатливи може да се каже дека беа прекрасните Лили Олдриџ која одбра бела тоалета со голи рамена од брендот Ла Марке. Покрај неа, на хуманитарната вечера заблескаа и моделите како Каролина Куркова, Попи Делевињ, Џесика Харт, Шанел Иман, Коко Роша и уште многу други.

Но, покрај позитивните коментари, секако имаше и негативни критики. Па така, на мета на модните критичари се најде и насмевката на прекрасната Бехати Принсло, која според многумина, изгледа како да претерала со цигарите. Нејзините заби беа сосема сиви и истите го нарушуваа нејзиниот беспрекорен изглед.

Бехати Принсло Бехати Принсло

Покрај Бехати, негативни коментари за изгледот доби и актерката Мишел Родригез која и покрај одличната тоалета и дијамантскиот ѓердан, изгледаше како воопшто да не се погрижила за шминката и фризура.

Во продолжените погледнете ја целата галерија на гости на Амфар Галата и проценете сами кој изгледаше најдобро, а кој најлошо!

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Сцена