Моделот Камила Морони е новата девојка на Леонардо Дикаприо

15 февруари 2018

Светските медиуми открија дека актерот Леонардо Дикаприо (43) има нова љубов. Повторно се работи за блондинка и повторно за модел.

Овој пат, тој е со 20-годишната Камила Морони. Се верува дека двојката се запознала на минатогодишниот Кански филмски фестивал. Изминатиов период беа видени заедно на роденденската забава на Елен Деџенерис, како патуваат со приватен авион од Аспен до Лос Анџелес, но и како одат на шопинг, исто така во Лос Анџелес.

Камила е познат и успешен модел. На својот Инстаграм профил има преку милион следбеници. Била дел од кампањите на „Топшоп“, „Десигуал“, речиси сите модни магазини, вклучувајќи ги и престижните „CR Fashion Book“ и „Вог“.

Заедно со Каја Гербер е едно од растечките имиња и во рамки на модните недели. Покрај моделството, се занимава и со актерство. Имаше улога во 2013 во филмот „Буковски“ за кој сценариото го пишуваше Џејмс Франко. Потоа следи и соработката со Брус Вилис во претстојното остварување „Death Wish“.

Се шпекулира дека нејзината мајка, Лусила Сола (38) се забавува со 77-годишниот Ал Пачино. Таткото на Камила пак, Максимо Морони во минатото исто така се занимавал со моделство, а бил дел и од рекламните кампањи на Долче и Габана. 

Медиумите се поделени околу вистинитоста за тоа дали оваа позната двојка има романса. Кон крајот на декември минатата година се појавија информации дека тие се само семејни пријатели, но веќе во јануари дека меѓу нив има љубов.

Она што е несомнено е дека Камила е точно тип на девојка што го привлекува Леонардо Дикаприо, а тоа може да се заклучи и од досегашниот негов избор на партнерки.

Во продолжение погледнете го стилот на Морони и дел од нејзината работа:

Објавено:
15 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.505 пати