Моден камелеон: Блејкл Лајвли облече седум комбинации во само еден ден

18 октомври 2017

Актерката Блејк Лајвли деновиве е посебно актуелна со новото остварување „All I See Is You“ кое активно го промовира.

Тоа подразбира бројни гостувања и премиери, а тоа што во еден ден смени дури седум комбинации, за седум различни пригоди, беше доволен показател дека ни животот на познатите не е секогаш лесен, колку и да изгледа гламурозен.

Лајвли уште од серијата „Озборувачка“ стана модна миленичка на широката публика, но и модната индустрија. Во неа беше откриен потенцијал, кој таа сè повеќе го изразува.

Секако, во тоа ѝ помага стилист и цел тим луѓе, но она што посебно воодушевува е што крајниот резултат се модно смели комбинации што Блејк знае како да ги носи и по кои стана препознатлива.

Еве како изгледаше модното шоу на актерката во понеделникот во Њујорк:

#1 одело+мартинки

За оваа комбинација веќе можевте да прочитате во нашиот стилски двобој. Тоа што веројатно никој не би се осмелил да го носи, Лајвли ќе го облече. Во случајов, „Мартинки“ со класично, строго, дворедно одело и чанта со животински принт од „Мајкл Корс“.

#2 жолто од глава до петици

Потоа се појави во комплетно жолта комбинација која ја потпишува Брендон Максвел. Ризично, но не и за 30-годишната актерка. Во комбинација со интересните и впечатливи чевли од Шарлот Олимпија, таа изгледаше ведро, весело и моќно.

#3 светки и преку ден

Покрај оделото, она што најмногу ни привлече внимание е и фантастичниот фустан од „Оскар де ла Рента“. Некој ќе рече, светки не се за преку ден, но токму тоа е тајната на Блејк, да ги крши правилата.

#4 безвременски фустан на преклоп+цветни чизми

Во попладневните часови пак, го привлече вниманието на медиумите во син фустан на преклоп, кој беше искомбиниран со краток кожен мантил, плетена чанта и чизми со цветен принт, што совршено го разигруваат стајлингот.

#5 Шанел комбинезон

Вечерта беше резервирана за уште три гостувања, а со тоа и уште три сосема различни модни комбинации. Првин се појави во пепито комбинезон на „Шанел“, комбинирајќи го со црни, класични „Лубутан“-ки.

#6 свечена комбинација на тренерки

Потоа беше забележана во друштво на сопругот Рајан Рејнолдс носејќи широки панталони со нитни од страната, реплика на тренерки и горен дел инспириран од кошаркарски дрес, украсен со светки и со реси во долниот дел. На тоа беа додадени црвени сатенски чевли

#7 сребрено и секси

Седмиот и последен стајлинг за тој ден, беше впечатлив благодарение на долгиот сребрен фустан, со ленти и транспарентни делови, украсени со асиметрично поставени синџири и сандали во сличен стил.

Кое издание на актерката најмногу ви се допаѓа?

 

фото извор: whowhatwear.co.uk; elle.com;

Објавено:
18 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.132 пати