Моден времеплов на Џеки Кенеди

23 ноември 2013

По повод 50 години од смртта на Џон Фицџералд Кенеди, решивме да ви понудиме една модна стилска ретроспектива на најелегантната прва дама на сите времиња, неговата сопруга Џеки Кенеди.

Воопшто не треба да не изненадува фактот дека Џеки Кенеди Оназис, се смета за икона на стилот. Нејзиното портфолио на модна икона го градеа најпознатите имиња од модната индустрија како Коко Шанел, Хубер де Живанши и Кристијан Диор. Нејзиниот изглед, од страна на тогашните, но и денешните модни критичари е окарактеризиран како прифатлив, елегантен и реален.

Својата женственост ја истакнуваше преку широка палета на модни парчиња како панталони,шарени кошули, свилени марами, еспадрили, големи очила за сонце, гламурозни наметки и софистицирани модели на фустани и тоалети. И после смртта во 1994 година Џеки продолжи да владее на модната сцена како една од најпознатите стилски икони на сите времиња.

Во продолжение погледнете дел од нејзините модни комбинации:

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Сцена