Модна блогерка призна дека ги фотошопирала фотографиите

15 август 2014

Не верувајте во сешто ќе видите – ова е пораката која модната блогерка од Њујорк Дана Сачау, сопственичка на блогот „Do the hot pants“ сакаше да ја пренесе на нејзините фанови. Таа на својот блог  сподели фотографии од пред и потоа, со цел да покаже на недостатоците кои ги средила со користење на фотошопот. Иако сликите се од пред една година, сепак Дана реши да се соочи со проблемот со самодовербата поврзан поради несигурноста за изгледот на својот стомак и бојата на кожата, а потоа дополнила дека и е криво што фотографиите воопшто ги фотошопирала.

Предностите на современата технологија, особено фотошопот е најупотребуван во модниот свет, а познатите личности речиси и не објавуваат слики доколку не изгледаат перфектно на нив. Со нив се прави оптична илузија за сите оние фанови и следбеници кои сметаат дека нивниот идол е  пример за совршенство. Потегот на Дана Сачау е всушност за пофалба и пример кој треба да го следат многумина, а вистинското прашање кое се наметнува е дали воопшто постои модна блогерка, инсајдер или пак позната личност која не користи фотошоп?

Објавено:
15 август 2014
Категорија: 
Сцена