Модна инспирација: Романтичен стајлинг на Криси Тиген кој го посакуваме

4 мај 2019

Моделот Криси Тиген неодамна беше гостинка во „Today Show“, а на снимањето на емисијата се појави во прекрасна женствена комбинација.

Се работи за романтичен фустан во бела боја. А-кројот совршено ја нагласи нејзината дотерана линија после породувањето. Фустанот е украсен со карнери од тантела, а на крагната има и бисери што дополнително го збогатуваат.

За романтичниот и елегантен ефект придонесе и тулот под фустанот, кој беше украсен со точки. Криси доби многу пофалби на социјалните мрежи за изгледот, а креацијата е дело на бразилскиот дизајнер Витор Зербинато, кој работи самостојно од 2010 година.

Ова е совршена комбинација за летни забави и е парче што веројатно секоја жена би го посакала во својот гардеробер. 

 

Објавено:
4 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
617 пати