Уште два дена нè делат до 57-то издание на гламурозната музичка манифестација „Греми“. Лос Анџелес е подготвен да биде во центарот на вниманието на сите љубители на музиката.
Но, како и сите големи случувања од овој тип, Греми не е само музичка манифестација. Интересна е и од аспект на сценографија, сценски настап и секако мода.
Токму затоа, непосредно пред најновото издание на музичките награди ние се потсетуваме на највпечатливите, па дури и шокантни модни комбинации низ историјата, кога се Греми наградите во прашање.
Модната ретроспектива ќе започне со Арета Френклин, која покрај со својот глас во 1970-тата го привлече вниманието и со ориентална црвена комбинација и покажа дека и сосема „покриен“ можеш да бидеш во центарот на вниманието.
Арета Френклин 1970
1974 Лидл Ричард
Еден „пеперутка“ плисиран ракав е вистинска модна револуција во 1974.
1991 EN VOGUE
Да се појават и денес во овие комбинации, ќе бидат сосема во центарот на вниманието. Доказ дека модното тркало постојано се врти, со мали иновации и измени.
2001 Тони Брекстон
Овој моден избор на Тони Брекстон никој не го разбира. И покрај тоа што има одлична фигура, ваква „креација“ не му ласка дури ниту на совршеното тело.
Во продолжение погледнете ја целата галерија:
