Модна вечера за прослава на пролетната колекција на Табита Симонс

27 септември 2014

Локацијата во Париз е позната како место на кое се собираат познатите личности од модната бранша за прославување на нови соработки или одбележување на одредени настани. Модната дизајнерка Табита Симонс облечена во креација од Долче и Габана ги пречекуваше гостите, а подоцна и одржа говор, во кој меѓу другото се заблагодари на косопственикот на „Matches“ Рут Чапман за остварената соработка.

Гостите уживаа како во релаксираната атмосфера, така и во убавиот избор на шведската маса и убавото вино. Меѓу познатите кои се појавија на оваа гламурозна вечера се Грејс Кодингтон, Тон Гудман, Вирџинија Смит, Кендал Џенер, Ханели Мустапарта, Карли Клос и Џоан Смалс кои пристигнаа по отворањето на изложбата на Питер Линдберг во „Gagosian“ и многу други личности кои може да ги погледнете низ фотографиите во галеријата.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Сцена