Модни совети од Том Форд

27 август 2018
Во модниот свет Том Форд важи за перфекционист и дизајнер со беспрекорен стил. Кога ќе се спомене неговото име, меѓу првите асоцијации се контроверзните реклами, но и неговиот стил препознатлив по оделата.
 
Дизајнерот денеска го прославува 57-от роденден, а ние во продолжение презентираме неколку совети од него, што посебно ќе им користат на мажите, а се противат на дел од најактуелните трендови денес:
 
 
- Ако би морал да се одлучам за едно машко модно правило, тогаш тоа би било - секогаш закопчувајте го сакото. На тој начин ќе ја нагласите и издолжите силуетата.
 
-Маж никогаш не би требал да носи шорц во град. Едноставно, не е прикладно. Шорцевите и кратките панталони се дозволени само на тениски терен или на плажа.
 
-Мажите би требале да се обидат да носат одела секојдневно, а не само во посебни пригоди. Јас речиси сите обврски ги извршувам во одело и навистина таквиот начин на облекување не ми претставува никаква препрека да функционирам нормално. Не верувам во поигрувањето со кроеви кога се оделата во прашање. Сакам кога е е едноставно, класичен крој кој ги нагласува машките раменици, тенкиот струк и долгите нозе.
 
 
-Кога веќе ќе навлезете во позрели години, добар трик е да си земете очила со темна рамка. Сè и сешто доаѓа и си заминува во светот на модата, но пар темни очила засекогаш останува.
 
-Пронајдете си стил што ви одговара. Јас не носам бела кошула и црно одело за да ме нарекуваат икона на стилот, туку затоа што во таа комбинација се чувствувам најудобно и немам никаква потреба да експериментирам.
 
-Еден тренд посебно ме ужаснува. Кога еден човек влезе во мојата канцеларија така облечен, веднаш го замолив да си замине дома. Тоа е трендот на скратени ногавици до средина на листовите или над глуждот. Се појави пред осум години и со неоправдана гордост почна да шета по улици. Да се разбереме, немам ништо против глуждови, но само на терен за фудбал.
 
 
-Дома, надвор од работното место, носам маици со кратки ракави, но прекроени по мерка. Ако работ на ракавите се завршува на вашиот трицепс, рацете ќе ви изгледаат многу подобро.
 
-Не сум пораснат во богато семејство. Бевме средна класа во Америка. Но, ги познававме правилата. Знаевме дека попладневните венчавки бараат внимателно испеглано одело, а дека црни чевли се носат со сино одело, а кафени со сиво.
 
-Во раните 70-ти имав коса до рамена, ѕвонарки и маици со тантела и реси. А потоа се опаметив.
 
 
-Ако го следите доделувањето на Оскарите, ќе забележите дека не постои маж на црвениот килим што не е нашминкан. Поголемиот број мажи што ги познавам, брзо се навикнуваат на тоа. Подоцна, дури и кога одат на некој пообичен настан, ги фарбаат веѓите или ставаат малку бронзер за да им го изедначи тенот... Едноставно, знаат во што е трикот.
 
-Најважната работа е да го чистите и хидрирате лицето два пати дневно. Ако сте мажи. Користете капки за очи ако е потребно. Ако белките ви се навистина бели, тогаш сте здрави, одморни и изгледате свежо.Секој маж би требал да има огледало кое зголемува. Ако и на такво огледало изгледате добро, тогаш сте подготвени за акција.
 
 
-Сознанието дека навистина изгледате добро ви дава некој чуден вид самодоверба и удобност. Тоа се нарекува психолошки комфорт. Погледнете ги фотографиите на мажите од 1925 година. Изгледале комплетно и исполнето во триделни одела и шапка. Изгледале како небото да им е граница и за нив не постои ништо невозможно.
 
Се согласувате ли?
 
Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
695 пати