Модниот свет ја обожува оваа 63-годишна блогерка

2 февруари 2017

Пред неколку сезони на Њујоршката модна недела, Лин Слејтер како и вообичаено била излезена на кафе со своите пријателки. Модните фотографи кои за време на Модната недела во Њујорк се присутни во голем број, лесно ја забележале благодарение на нејзината неверојатна, уникатна појава, невообичаена за жена во својата седма деценија од животот, помислувајќи дека е некоја од гостинките на Модната недела. А таа сепак e само една „обична“, 63-годишна професорка и социјален работник, која има неверојатно изострено стилско чувство и тој ден била на кафе со своите пријателки.

По првите, „случајни" фотографии објавени низ светските модни магазини и портали, Лин инстантно станува миленичка на модниот свет. Така го започнува и својот моден блог, Accidental Icon (Случајна икона) укажувајќи на ситуацијата, како таа „случајно" се најде во елитните модни кругови.

Но, нејзиниот автентичен имиџ со сигурност не е случајност. Она што веднаш „паѓа во очи" е што Лин знае како својот слободен ум и креативен дух да ги визуелизира во стил што ги руши сите предрасуди. Одлично се носи со своите години, а е инспирација за жени и девојки од различни генерации.

Ако го посетите нејзиниот блог или профилот на Инстаграм, ќе ја забележите минималистичката естетика што преовладува при стилизирањето на нејзините аутфити, што најчесто варираат помеѓу црна, бела и сива боја, со ефекти детали, а основата на комплетниот имиџ е уличната мода.

 

Објавено:
2 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.487 пати