Модниот свет на работ на лудило

17 мај 2013

Модната недела во Њујорк е централен американски настан, а бидејќи се работи за една од четирите модни метрополи, неколку месеци пред одржувањето на настанот големо внимание се обрнува на бројот на калориите, кои се опсесија во светот на модата.

Ако сте модел и ако сакате да се појавите на писта, бројот на килограмите мора да го сведете на минимум, а ова се однесува на т.н. „size zero”. Си Ен Ен објавил дека диетите не се резервирани само за моделите, туку и за модните уредници, новинари и блогери кои неколку месеци се спремаат за долго очекуваниот настан бидејќи сметаат дека покрај колекциите, најважна работа е „да се биде виден”.

„Во модната индустрија перцепцијата е реалност и за за жал морате да задоволите одредени критериуми за да ги импресионирате клиентите” – изјавила Кејша Мек Котри, стручно лице за односи со јавност, која и самата се придржува кон модната диета.

Звучи бизарно, комично, апсурдно и тешко да се поверува дека тоа навистина се случува. Но тоа е реалноста на модната недела во Њујорк. „Мислам дека од утре треба да започнеме со нашата диета за модната недела во Њујорк. Што мислите вие? – напишала на Твитер DKNY PR GIRL – ѕвезда на друштвената мрежа Ализа Личт од компанијата Donna Karan International.

 

Објавено:
17 мај 2013
Категорија: 
Сцена