Неколку дена пред светската премиера на романтичната комедија „Marry me" закажана за 11 февруари, Џенифер Лопез која заедно со Малума и Овен Вилсон ги толкуваат водечките улоги, направи вистинско модно шоу на промотивните телевизиски гостувања.
Џеј Ло не го пропушти моментот да покаже стилска доминација и неколку пати да го смени стајлингот во еден ден за време на гостувањето во популарните телевизиски емисии „Live with Kelly and Ryan" и „The Today Show".
За гостувањето во популарното шоу на „Live with Kelly and Ryan" Џеј Ло одбра романтична комбинација во розово, со блејзер и кошула со впечатлива панделка од ресорт колекцијата на Валентино.
Потоа промени уште две атрактивни комбинации со смели принтови, едната од Фенди – макси палто и фустан во комбинација со високи чизми, а втората од Роберто Кавали во препознатливиот змиски принт.
Нејзиното модно шоу деновиве продолжи со уште еден елегантен аутфит во стилот на стариот Холивуд, во комбинација со женствен црн капут со нагласена половина, а за гостувањето кај Џими Фелон одбра црвен слип фустан.
За потсетување, неколку дена пред светската премиера на „Marry me", Лопез и Малума ја објавија и нивната заедничка песна од филмот.
Фото: Vogue, Red carpet, Harper's Bazaar,