Модните „тајни“ состојки на Марија Шарапова

27 јуни 2014

Освојувајќи го Вимблдон на само седумнаесет, победувајќи ја актуелната шампионка Серена Вилијамс, руската тенисерка Марија Шарапова стана најмладата девојка која ја освоила титулата гренд слем. Со тоа само го потврди своето постоење не само на спортската мапа, туку и на модната сцена презентирајќи инвентивни комбинации кои осцилираат помеѓу две крајности- спорт и елеганција.

Таа веќе десет години е заштитно лице на спортската компанија Најк и редовно на своите настапи нејзиниот аутфит и модните додатоци пулсираат токму во ритамот на оваа спортска етикета.

„Отсекогаш сум сакала на теренот да носам неконвенционални аутфити, фокусирајќи се најмногу на деталите, бидејќи според мене токму тие му даваат шарм на секој изглед. Без разлика дали станува збор за едноставен фустан, или кратки панталони со оригинален крој, Најк за мене секогаш се трудат да создадат идеална и несекојдневна модна визија комбинирајќи различни формули за да постигнат уникатен баланс“, изјави Шарапова.

„Сакам да носам универзални парчиња кои нема да ми ја ограничуваат естетиката ниту на теренот, ниту во фитнес студиото, а уште помалку низ улиците. Сметам дека луѓето имаат погрешна перцепција за спортската облека. Спортските парчиња немаат само атлетска намена. Доколку креативната фантазија на модните тимови без разлика дали станува збор за спортски бренд или не е доволно развиена не гледам зошто би постоеле лимити во носење на спортски парчиња во секојдневниот живот. На крајот, токму таквите модели се и најудобни и луѓето се чувствуваат мобилно и флексибилно. Динамиката на живеењето не наметнува, туку и бара нешто такво“, додава руската тенисерка.

Сепак, Марија Шарапова покрај тоа што секогаш ги брани боите на спортските парчиња и мошне умешно ги вметнува во своето секојдневие, таа обожава да носи и дизајнерски креации на Александар Меквин и Сара Бартон со која е и добра пријателка, а воопшто не и се допаѓаат моделите на Изабел Марант и Рик Овенс.

„Сара ја познавам лично. За време на Вимблдон решив да носам една од нејзините креации. И пратив меил и се сретнавме на вечера. Навистина уживав во нејзините модни презентации, таа е толку приземна и едноставна личност. Отсекогаш сум и се восхитувала, има неверојатна енергија која ја имплементира длабоко во своите ремек дела и создава дизајн по кој само таа е препознатлива “, завршува победничката на грем слем титулата на Вимблдон.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Сцена