Модните трансформации на Џеј Ло во новиот спот со Малума

25 септември 2020

После долго најавување, Џеј Ло и Малума вчера ги претставија новите песни „Pa Ti“ и "Lonely“. И двете песни се споени во еден видео запис, кој всушност е осумминутен филм.

Но, ден потоа, многу малку се коментира за песните. Најголем дел од коментарите одат за спотот, поточно за изгледот на Џенифер Лопез во него.

Осум (односно девет) различни модни комбинации и осум различни фризури.

Нејзиниот фризер, Крис Апелтон за „Вог“ изјави дека ова за него било сосема ново искуство, особено имајќи предвид дека спотот се снимал согласно сите мерки против Ковид-19.

Џеј Ло и Крис

„Сите носевме маски и секој работеше на дистанца колку што беше возможно. Во согласност со сцените, го осмислувавме и изгледот. Мојата омилена фризура со која се појавува Џеј Ло е онаа каде што изгледа како од „Волкот од Волстрит“. Косата ја врзавме во опавче, а потоа долниот дел од косата, со брановнидни кадрици, го префрливме напред. Фантастично ѝ стои, а тоа е омилената фризура и на Алекс Родригез. Ако се прашува тој, таа постојано би требала да ја носи“, вели Апелтон.

Во една од сцените, Лопез носи краток црн фустан со кристали, а токму таков детаљ има и во косата.

„Совршено залижаната коса ѝ прилега фантастично, веројатно како на никој друг. Имаше сноп со кој ние одлучивме да го искористиме и направивме одличен ефект“, додава стилистот.

Од софистициран деловен изглед, до секси и провокативен во боди и мрежа, Лопез уште еднаш покажа дека умее да биде вистински моден камелеон.

Погледнете ги нејзините трансформации:

 

 

фото извор: facebook.com/jenniferlopezsongs; @jlo; @chrisappelton1; youtube.com/printscreen

Објавено:
25 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.867 пати