Модно жири: Кој направи тотално промашување изминатата недела

20 декември 2013

Изминатата недела беше недела на гала вечери, промоции што филмски, што музички, на организирани средби... Секако, секоја од нив немаше да биде забележана доколку не беа познатите личности. А тие пак, помеѓу другото се впечатливи и по нивниот моден избор.

Еве кои нас ни беа впечатливи:

Маргот Роби на премиерата на The wolf street Маргот Роби на премиерата на The wolf  of the wall street

Убавата Маргот Роби секако беше една од најзабележителните личности на премиерата на филмот The wolf of the wall street, не само поради убавината, туку и поради тоалетата со потпис на Армани. Белото знае да изгледа дискутабилно на црвениот килим, но не и овој пат. Препознатливиот „сирена“ крој, асиметричноста во горниот дел и црниот детаљ околу половината го прават фустанот, а со тоа и појавата на Маргот во исто време и едноставна, елегантна и гламурозна.

Ејми Ешли на премиерата на новиот видео спот на Џастин Бибер Ејми Ешли на премиерата на новиот видео спот на Џастин Бибер

Колку Маргот изгледаше одлично, толку Ејми Ешли ја згреши комбинацијата. Сите ја сакаме мото јакната, но таа не може баш со се да се комбинира. Особено не со маица со карнери и здолниште со оваа должина. Сандалите се посебен момент. Како што ја гледате комбинацијата надолу, така се помалку има на неа... Нема усогласеност, ниту во кроевите, ниту во дозирањето. Иако, Ејми сакала да постигне смел и женствен изглед во исто време, тоа го извела многу лошо.

Марина Линчук Марина Линчук

Иако Марина беше од повеќе странски медиуми беше пофалена за својот изглед и назначена како најдобро облечена позната личност на неделата, ние не можеме во целост да се согласиме. Убаво и прилега на фигурата, црната е секогаш добар избор, но за премиера на филм недостасува малку гламурозно. Исто така, должината е прекуса, но кога веќе е таква, ќе беше ублажена со тоа што горе ќе имаше палто или некое парче со долги ракави. Вака, комбинацијата е премногу оскудна и повеќе летна.

Роси Хантингтон на хуманитарна вечера Роси Хантингтон на хуманитарна вечера

Нема што не и прилега убаво на моделката, така е и со овој фустан. Нашата забелешка единствено би се однесувала на тоа дека ова можеби не е најдобриот изглед за хуманитарна вечера. Деколтето е предлабоко, а должината прекуса. Инаку, Роси изгледа прекрасно.

Хана Бронфман на зимски викенд во Гштат Хана Бронфман на зимски викенд во Гштат

Уште една смела комбинација овој пат на Хана Бронфман. Но, не толку успешна. Деколтето и отворот во пределот на половината делуваат невкусно и претерано. Изборот на чевли е добар и на чанта. Но, горниот дел од фустанот е сосема промашен.

Објавено:
20 декември 2013
Категорија: 
Сцена