Моника Белучи ги сплоти љубителите на Долче и Габана во Москва

13 март 2014

Вчеравечер, актерката, модел и муза на модното дуо Долче и Габана, Моника Белучи, пристигна во Москва по повод промоцијата на новата козметичка линија кармини „Classic Cream Lipstick“  и парфем, кое се слуичи на отворањето од новата парфимерија и козметички салон на Долче и Габана во руската престолнина. Сензуална и сексапилна како и секогаш, Белучи се појави облечена во елегантен црн фустан со должина под колена, надополнет со црно крзнено болеро. Пред доаѓањето на славната Белучи се собраа многу обожаватели кои го окупираа просторот во редици чекајќи автограм од убавата актерка. По завршувањето на промоцијата, Белучи им излезе и во пресрет на новинарските екипи со кои разговараше на тема мода, филм и машки свет.

-Најпрво јас сум пријател со Доменико и Стефано многу години. Во 1989 година за првпат ме забележаа само како млад италијански модел. Поминаа години, јас се променив, но тие се уште сакаат да учествувам на промоции, да бидам нивното лице на брендот. Тоа е многу емотивно за мене, вели Моника.

Таа додева дека моделството е исто толку сложено како и глумата на филм. А за да се биде успешен потребно е да се биде истраен „играч“.

На дваесет години почнав да работам во модниот бизнис. Најтешкиот дел беше на почетокот исто како и во актерската кариера. Преминот од една до друга работа од мене бараше многу трпение, сила и свест. Да се биде заштитно лице навистина е предизвик, пред се на вистински начин да се пренесе убавината, односно да се замрзне во една рамка и да остане така, додава Белучи.

Кој според вас е поистраен за време на критични ситуации, мажите или жените?

-Тешко прашање. Не сум баш сигурна, но знам дека жените се вешти во решавање на компликации и проблеми. Треба да се вежба како да стигнете до многу психичка и физичка енергија. Во овој свет нема многу место за силните жени, бидејќи и онака по природа сме понежниот пол. Но , како и да е убаво е да се биде жена, заклучува актерката.

Белучи моментално работи на снимањето на филмот „Љубов и војна“ на Емир Кустурица каде игра улога на љубовница. А токму поради тоа што многу и се допаднало сценариото на филмот, многу сака да го научи и српскиот јазик, а пак за Србија смета дека е едно мистериозно место со специфичен дух што крие многу.

На новинарско прашање: Што најмногу вреднува кај мажите? Таа го вели следното:

-Многу е тешко да се каже. Но од лично искуство секој случај кај мене бил различен. Сум имала таков кој бил пеколен никаквец, од кој можев да „пукнам“. Мажите знаат да бидат демони, но исто така и атрактивни со многу човечки доблести, завршува убавата Моника.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Сцена