Моника Белучи прозборе српски

14 август 2013

Славната актерка Моника Белучи вчера пристигна во Требиње,  каде една недела ќе снима за филмот „На млечниот пат“ на Емир Кустурица, каде игра една од главните улоги. На прес конференција за медиумите, Белучи и Кустурица изјавија дека се многу возбудени поради проектот кој во суштина е љубовна приказна создадена за време на војната.

-Возбудена сум што сум тука, задоволството е мое да се биде во оваа земја и да се работи со Емир. За мене ова носи силни емоции и премногу сум мотивирана, рече Белучи која од домаќините нема некои посебни барања, а допатува заедно со шминкер и фризер.

Белучи додава дека филмот е многу интензивен и насилен, а морала да научи и неколку реченици на српски кои воопшто не и биле лесни за изговор. Кустурица пак изјавува дека немал дилеми околу изборот на главната женска улога.

-Нема жена на светот која подобро може да ја одигра оваа улога, а зашто е љубовна приказна во прашање, било кој друг маж би ја избрал токму Моника, вели Кустурица.

Снимањето ќе се одвива овие недела дена на неколку локалитети, а во план е комплетното  снимање  да заврши во месец ноември.

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Сцена