Moves like Jagger…

10 март 2015

Трите дами од познатото семејство Џегер, ќерките и поранешната сопруга на Мик Џегер, направија одличен семеен едиторијал за модниот бренд Reserved.

Во пролетно-летната кампања на модната куќа, Џорџија Меј и Лизи Џегер во друштво на нивната мајка Џери Хал, позираат во тотално лежерни комбинации синхронизирани со пријатноста и опуштеноста на Лос Анџелес.

И покрај тоа што комбинациите со графички принтови и кежуал џинс се сосема едноставни, гламурот што зрачи од трите дами едноставно не може да се сокрие.

 

Објавено:
10 март 2015
Категорија: 
Сцена