Можете ли да замислите дека поминаа 20 години од синглот Lady Marmalade?!

30 март 2021

Можете ли да замислите дека минаа 20 години откако Миси Елиот, во 2001 г, застаната пред кадифените театарски завеси, за прв пат ни посака Добредојде во Мулен Руж?! 

А потоа на сцената доаѓаат Кристина Агилера, Лил Ким, Пинк и Мија, шлагот и црешата на поп и RnB индустрија во 90-те години.

Перформанс со шарм на бурлеска, видеото беше изобилие на долна облека со скапоцени камења, костими со светки, раскошен накит, корсети, чизми од тантела, цилиндер шапки, перики, пердуви, а сето тоа накитено со она Voulez-vous coucher avec moi, ce soir? кое останува во уво долго откако ќе заврши песната.

Песната Lady Marmalade требала да ја изведе само Кристина Агилера. Но, на приказната се додале Лил Ким, Мија и Пинк, и секоја од нив има свој, целосно автентичен дел. 

Во едно интервју за Вог, Агилера вели дека нејзината изведба на Lady Marmalade е првата каде таа можела да ги докаже своите вокални способности, а понатаму и' се отворил патот кон создавање нови хитови.

Режијата на видео записот ја потпишува Пол Хантер, а видеото е наградувано со MTV награда за најдобар видео запис и најдобро видео од филм. 

Кореографијата на спотот е дело на Тина Ландон. Песната е снимена како промоција за филмот Moulin Rouge!


Песната е напишана од страна на Вов Кру и Кени Нолан, а инспирирана од нивните искуства со сексуалните работнички во Њу Орлеанс. Прва снимена верзија на оваа песна е од страна на групата The Eleventh Hour, а песната станува популарна во 1974 кога ќе ја препее американското женско трио LaBelle.

Девојките во друштво на Баз Лурман, режисерот на филмот Moulin Rouge!

Lady Marmalade беше најпродаван сингл годината кога излезе, во 2001 со продадени 5.2 милиони копии ширум светот.

Фановите би ужива да ги видат четирите моќни дами повторно заедно на сцена, па кој знае, можеби и ќе ни се исполни желбата.

Објавено:
30 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
273 пати