Музите на Карл Лагерфелд во едно видео

29 септември 2015

Наскоро во престижната галерија Saatchi Gallery во Лондон, ќе биде поставена изложба насловена Mademoiselle Privé во рамките на која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со историјата на луксузната модна куќа Шанел.

По тој повод, креативниот директор Карл Лагерфелд направи фотосесија проследена со видео, заедно со неговите музи: Кристен Стјуард, Лили Роуз Деп, Ванеса Паради, Кира Најтли, Џулиен Мур и други дами, секоја посебна на свој начин, но подеднакво инспиративна за Лагерфелд.

Во видеото тие зборуваат за нивното искуство од соработката со Шанел и Лагерфелд, а истовремено и за луксузниот накит што го носат на себе од колекцијата Bijoux de Diamants што го дизајнирала самата Коко Шанел во 1932 година и има исклучителна историска вредност.

 

Објавено:
29 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
502 пати