На гости кај Ел Макферсон

17 август 2013

Во продолжение ви претставуваме една од куќите на модните икони од 90-те години на минатиот век, манекенката Ел Макферсон, која се наоѓа во живописната англиска провинција Котсуолдс.  Совршен природен баланс и редок спој на модерното со практичното. Високите прозори откриваат прекрасен поглед кон мирното езеро, а светлината која продира длабоко во секоја од собите му дава една посебна димензија на просторот. Не само што го осветлува просторот, туку струи и чувство на релаксација и смиреност.

 

 

Мебелот е интересен и комфорен. Одделни делови на ентериерот потсетуваат на рустикалниот стил. Масивни камени ѕидови, многу дрва, теписи од овча кожа, плетени тапети. Звучи како сценарио од некоја планинска приказна. Еко материјалите, се приоритет кога е внатрешното уредување во прашање и се желба на самата Ен.

 

 

Дрвената ламперија ве остава без здив, рачно изработена, со совршена линија и изглед. Тоновите и нијансите кои се прелеваат низ домот се главни земјишни бои, од беж до кафена, во комбинација со сива и црна. Прекрасна хармонија на бои, форми, облици и во внатрешниот дел и надворешниот. Вистинска оаза на мирот и спокојството.

 

 

 

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Сцена