На своето прво радио шоу: „Тоа што сум Лејди Гага ме прави тажна“

10 август 2020

Лејди Гага смисли нов начин како да ѝ се приближи на публиката, во годината кога настапите и концертите се откажани.

Имено, таа започна со свое неделно радио ток-шоу, насловено како „Гага Радио“.

Првата епизода се емитуваше во петокот, а може да се најде, односно да се следи на Apple Music.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onAug 5, 2020 at 10:00am PDT

Секоја недела Гага ќе има гостин во студиото со кој ќе разговараат на различни теми, но низ сите емисии акцентот ќе биде ставен пред сè на тоа како е создаван нејзиниот последен албум „Chromatica“.

За прв гостин пејачката го одбра BloodPop кој во голема мера е заслужен за создвањето на споменатиот албум, за кој се вели дека е и еден од најличните на пејачката.

Во разговорот со него, го споменаа токму тој личен момент, а Гага изјави дека славата воопшто не е лесна, иако на многумина им изгледа така и ја посакуваат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onAug 8, 2020 at 12:42pm PDT

„Кога ќе помислам дека сум Лејди Гага, станувам тажна. Да се биде славен е ужасно тешко и се бориш со многу демони“, изјави пејачката, која и претходно говорела дека славата предизвикува изолираност, чувство на самотија и дека психолошки е мошне предизвикувачки. Исто така, пред две години, пејачката изјави дека ѝ е дијагностицирана клиничка депресија и дека постојано се бори со тоа.

Токму таа борба ја има спакувано во новиот албум.

„Имам добри денови, имам и лоши. Но, сета болка и борба ја преточив во нови песни. Така што, ако сте тажни или во болка, сакам да знаете дека знам како е да се живее со болка. Исто така, сакам да знаете дека тоа не мора да ви го уништи животот. Се надевам дека овој албум ќе послужи за обединување и ширење љубов“, изјави пејачката пред неколку месеци, непосредно по објавувањето на албумот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onAug 6, 2020 at 9:01am PDT

 

Инаку, во наредните емисии ќе гостуваат диџеи, други пејачи, танчари...

„Изминативе неколку недели барав различни начини како да бидам од корист на она што јас го нарекувам глобална заедница, начин кој ќе биде природен, близок до моето срце, а верувам и до многу други срца. Сакав да изнајдам начин на кој можам да придонесам за општеството и светот. И сум возбудена и воодушевена што го имаме ова шоу и оваа шанса да свириме неверојатен микс на музика секоја недела“, изјави Гага минатата недела.

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
126 пати