Најдобрите филмови посветени на модната индустрија

6 февруари 2014

 

Во пресрет на еуфоричната модна недела во Њујорк, еве листа на десетте најдобри филмови кои успеале на уникатен начин, од различни аспекти, преку живописни уметнички форми да ни ја доближат модата и нејзините трансформации низ времето.

 

 

„Коко пред Шанел“ (2009)

Документирањето на животот на Коко Шанел, од нејзиното најрано детство, кое поминало во дом за сирачиња, низ работата како шивачка се до прераснувањето во „Мајка на модерната мода“ е опишан во францускиот филм „Коко пред Шанел“, кој важи за еден од најдобрите филмови во модната индустрија, бидејќи тоа им овозможува на гледачите увид во модната историја и детали од животот на една од највлијателните дизајнерки на 20-тиот век.

Со импресивен избор на актери, од Џулија Робертс и Тим Робертс, па се до Софија Лорен и Дени Ајело, епското издание на Роберт Алтман беше снимено во 1994 година за време на Париската модна недела. Како еден вид сатиричен приказ на светот на модата, филмот делува и како критика но, и како љубовно писмо адресирано до модната индустрија. Филмот добива дополнителна популарност поради ексклузивните појавувања на Жан Пол Готје и Џанфранко Фере, заедно со супермоделите како Наоми Кемпбел и Клаудија Шифер. Филмско ремек дело кое ги отсликува 90-тите години во светот на модата и кое заслужува да се најде на оваа листа.

 

 

„Зулендер“ (2001)

Фокусирајќи се на необичниот свет на машките модели, Бен Стилер на комичен начин успеа да собере голем број позитивни воздишки во модниот свет, рангирајќи го Зулендер како еден од најпознатите модни филмови, кој ја претставува модата од машки аспект.

 

 

„Ѓаволот носи Прада“ (2006)

Мерил Стрип беше номинирана за Оскар за нејзината неверојатна изведба во овој филм, адаптиран на бестселерот врз основа на искуството на авторот како асистент на магазинот Vogue, чиј главен и одговорен уредник е Ана Винтур. Важи за еден од најдобрите филмови кој на многу суптилен начин ја прикажува уредувачката страна на модната индустрија.

 

 

„Фабричка девојка“ (2006)

Фокусирани на приказната за Еди Седвик, која ја глумеше Сиена Милер, наследничка, манекенка и суперѕвездата на Ворхол, „Фабричка девојка “ е филм кој ја раскажува приказната за светот на уметноста и модата во ’70-тите години.

 

 

„Септемвриско издание“ (2009)

Некои од најдобрите филмови за модната индустрија се документарци кои нудат краток поглед внатре во светот на високата мода. Фокусирани на предизвикот во создавањето 840 страници за септемвриското издание на магазинот Vogue во 2007 година, документарецот како централна фигура ја има уредничката Ана Винтур и нуди единствен поглед внатре во работната атмосфера на редакцијата.

 

 

„Валентино: Последниот Император“ (2009)

Во режија на Мет Тарнауер, документарецот ги презентира настаните кои доведоа до пензионирање на еден од најважните кројачи во бизнисот. Последната колекција на Валентино беше прикажана во 2008 година и документарецот вклучува сцени кои нудат ексклузивен поглед зад сцената како и во ателјето на дизајнерот, каде можеме да ги осознаеме тајните на креативниот процес во создавање на едно ремек дело, но филмот претставува и ретроспектива на 45-годишната работа на овој дизајнер.

 

 

„Шатори“ (2012)

Њујоршката модна недела е најважниот моден настан во САД, а гигантските шатори на Брајант Парк го доловуваат токму тоа иконско и неповторливо чувство. Вклучувајќи некои од најдобрите современи американски модни дизајнери, како Исак Мизрахи, Зак Посен и Дона Каран, филмот дава драгоцен поглед во подемот на американската мода, што го прави еден од најдобрите филмови во модната индустрија.

 

 

„Црна Бела + Сива: Портрети на Сем Вагстаф и Роберт Мејплторп“ (2007)

Модната фотографија мошне често била инспирација за снимање на неколку документарци, но филмот „Црна Бела + Сива: Портрети на Сем Вагстаф и Роберт Мејплторп“, ја презентира работата на двајца визионери одеднаш. Филмот го проучува влијанието дека Сем Вагстаф и Роберт Мејплторп врз модата и уметноста, нудејќи уникатен портрет на Њујоршката мода и уметничка сцена во ’70-тите години.

 

 

„Марк Џејкобс и Луј Витон“ (2007)

Истражувајќи ја танката линија која постои помеѓу дизајнерот и брендот, овој документарец е еден од најдобрите филмови во модната индустрија и покажува колку уметноста и модата влијаат една на друга и тоа во голема мера, дури и денес.

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Сцена