Најдобрите изгледи од отворањето на филмскиот фестивал Трибека

23 април 2014

Фестивалот е формиран како одговор за нападите на Светскиот трговски центар во 2001 година и е начин за промоција на Менхетен како место кое може да прерасне во интернационален центар за промоција на филмски проекти.

Бидејќи станува збор за настан кој за краток период успеа да се трансформира во манифестација каде на црвениот килим се појавуваат голем број познати ѕвезди, Њујорк од вчера 22 април, па се до недела 27 април ќе биде домаќин на голем број режисери, актери, бизнисмени, модни икони и музичари, кои ќе имаат можност да уживаат во богатата програма на филмови, документарци и фотографии.

Меѓу познатите гости кои вчера пристигнаа на отворањето на филмскиот фестивал Трибека беа Оливија Палермо, Ема Вотсон, Каролина Куркова и многу други кои воодушевија со своите аутфити. Во продолжение погледнете ја галеријата и изборот на креации кои продефилираа на црвениот килим.

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Сцена