Најгламурозните изданија на Моника Белучи на Канскиот филмски фестивал

19 мај 2020

Ова време од годината најчесто е резервирано за Канскиот филмски фестивал. Пандемијата на Ковид -19 ги смени плановите и за оваа манифестација.

Сепак, тоа не ги спречи познатите да споделуваат драги моменти од овој европски фестивал и со тоа да го споменат дури и во годината кога речиси сите настани се одложени.

Ние пак, во овој контекст направивме поглед наназад на изгледот на Моника Белучи на црвениот килим на фестивалот низ годините.

Она што е општ впечаток е дека порано, Моника покажала похрабар моден израз. 

1997

Во 1997 година, во рамки на мини-перформанс се појавува во фустан кој совршено ги истакнува нејзините облини, фустан со цветен принт и на преклоп. Неколку години подоцна, во 2002 нејзиниот избор повторно е цветниот дезен, со што овој пат, фустанот во горниот дел е корсет и на тој начин ја нагласува нејзината женственост.

 2002

Интересно е што овој нејзин избор е еден од ретките кога не носи впечатлив, луксузен накит, што може да се рече дека е една од работите по кои е препознатлива.

 Втората работа од која изгледа не се откажува веќе години наназад се чевлите на платформа. И кога се во тренд и кога не се, Белучи може да се види како носи ваков модел. Можеби се води од идејата да изгледа некој сантиметар повисока, но сепак, не секогаш овој модел на обувки ѝ прави услуга. Не е толку елегантен, ниту пак женствен, изгледа погрубо и тешко се комбинира.

Исто така, мора да се напомене дека одлично ѝ стојат креации кои имаат повеќе боја на нив. Црната е сигурен избор и одлично ѝ прилега, но кога се појави во 2009 година во црвена креација, сето внимание беше насочено кон неа. 

Една од музите е на дизајнерското дуо Долче и Габана, па во 2006 избра токму нивна креација на една од гала вечерите во рамки на фестивалот. 

2006

Едно од најкоментираните нејзини појавувања беше и она од 2017 година, кога на сцената се појави во раскошен фустан со потпис на модната куќа „Диор“.

2017

Лани пак, ги изненади сите појавувајќи се во шарен бохо фустан во придружба на нејзиното момче, избор со кој само го потврди она што и погоре го споменавме, дека изгледа далеку модно поинтересно и свежо во креации кои ќе ја одминат црната нијанса.

2019

А ако коментираме за креациите во црна, тогаш комбинезоните се на прво место. Ѝ стојат совршено и изгледа модерно и моќно. Тантелата е исто така често нејзин избор, но многу подобро изгледа во креации кои се поинтересни и за окото на набљудувачот, а веројатно и за изработка.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од модните избори на италијанската убавица. Едно е сигурно, што и да облече, нејзината убавина секогаш ќе маѓепсува:

2003

2006

2006

2006

2006

2006

2008

2009

2009

2009

2014

2014

2014

2017

2017

2017

2017

2017

2017

2017

2019

2019

2019

2019

2019

 

фото извор: pinterest.com; zimbio.com; 

Објавено:
19 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.778 пати
Тагови: 
Моника Белучи