Најлошата модна комбинација на Кери Бредшо

20 јуни 2020

„Сексот и градот“ е од оние серии што извршија големо модно влијание.

Патриција Филд која што беше задолжена за костимографијата, немаше воопшто лесна задача. серијата имаше шест сезони.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Carrie Bradshaw (@carriebradshaw_sexandthecity) onApr 27, 2020 at 1:10pm PDT

 Низ сите тие, видовме комбинации што за нас беа нешто дотогаш невидено и интересно. Ликот Кери Бредшо стана вистинска модна икона од тв-екраните, чиј стил сакаа да го копираат голем број девојки.

Костимографката откри дека од сите комбинации што ги направила за овој лик, една ја смета за катастрофална и години подоцна кога ќе ја види, сфаќа дека изборот бил лош.

„Серијата се снимаше шест години и имавме отприлика 24 епизоди по сезона, така што имаше многу комбинации, но имам само една која кога ќе ја погледнам велам „Ех“. Кери носеше здолниште и „кроп-топ“, а околу голиот стомак ѝ ставив ремен. Во моментот кога го работев тоа, многу се двоумев, но мислам дека на Сара Џесика ѝ се допадна, па одлучивме да ја задржиме комбинацијата, а и ременот. Подоцна кога ја видов комбинацијата, ми беше едноставно ужасна. Требаше ременот да биде позициониран малку подоле“, објаснува Филдс.

 

Од друга страна пак, има неколку што навистина ѝ се омилени.

„Го сакам фустанот од „Версаче“ кој Кери го носеше во епизодата кога го чекаше Александар Петровски во нивната хотелска соба. Кери беше дотерана и прекрасна, а тој не се појави. Фустанот дополнително ја нагласи емосијата на таа сцена. Поентата на костимографијата не е во продажбата на облеката, туку во раскажувањето на приказната.Голем дел од стилот на Кери Бредшо беше инспириран од Паркер. Верувам дека на публиката ѝ се допадна комбинацијата на скапи и евтини парчиња, дизајнерски и винтиџ, тогаш тоа беше нешто ново и интересно на телевизија, но истовремено и остварливо. Поентата беше повеќе во стилот отколку во модниот дизајн. Облеката на реална личност, но со многу фантазија. А Сара Џесика Паркер беше  совршена личност за носење на тие комбинации, бидејќи и самата е голем љубител на модата“, вели Патриција.

Меѓу најдрагите комбинации ѝ е една од вториот дел на филмот.

„Мислам дека мојата омилена комбинација која ја стилизирав за Кери беше онаа која ја облеков во  'J'adore Dior" маица и долго здолниште од тафт“, открива костимографката.

 

Имате ли вие омилена комбинација од оваа серија?

 

фото: Пинтерест, Инстаграм

Објавено:
20 јуни 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.094 пати