Најлошите насловни страни на светските магазини

13 февруари 2014

 

Дел од славните личности успеваат да влијаат врз уредувачката политика во поглед на објавување фотографии од нив во различни списанија. Но не секогаш успеваат во таа своја мисија, бидејќи неретко знаат да бидат препуштени на милост и немилост не само на модните уредници туку и на фотографите. За една насловна страна да има „лош“ ефект или да изнуди негативна критика не влијае само техничката обработка на фотографијата, односно фотошопот, туку и  ретуширањето на фотографиите со помош на четкичка, чија задача е да ги „скрие“ недостатоците на ѕвездите. Останатото е само прашање на вкус и визија која уредникот, режисерот и фотографот треба да се потрудат успешно да го спакуваат во естетска приказна која ќе го долови ликот и карактерот на познатата личност. Следниве насловни страни се пример затоа како не треба да изгледа визуелниот израз, и доказ дека понекогаш и најдобрите знаат да погрешат во реализацијата на еден проект од вакви рамки.

 

 

Сара Џесика Паркер на насловната за Harper’s Bazaar

Класичен пример за неуспешно аплицирање на фотошоп техниката е мартовската насловна страна на кинески Harper’s Bazaar, каде главна ѕвезда беше актерката Сара Џесика Паркер. Дефинитивно една од најлошо изработените насловни страни. Прекумерното ретуширање направило коверот да изгледа како цртеж, а не како фотографија.

 

 

Џенет Џексон на насловната за W Magazine

Во октомври 2006 година, Џенет Џексон го лансираше својот музички албум, но насловната страна на W Magazine, по повод нејзиниот успех беше помалку недостојна за ѕвезда од нејзин калибар. Целосниот визуелен ефект беше погрешен, почнувајќи од несоодветниот избор на шминка и фризура, па се до нефиксираната поза на нејзиното тело кое испраќаше порака дека не и удобно ниту во облеката која ја носи, ниту како е застаната. Тотално не привлечно и мошне разочарувачки.

 

 

Никол Кидман на насловната за V Magazine

Фотографирана од страна на ветеранот Марио Тестино, Никол Кидман за коверот на V Magazine, го покажа својот задник. И покрај тоа што ова 45 годишна актерка има тело на кое можат да и позавидат многу помлади колешки сепак комбинацијата на руса разбушавена фризура, јака шминка и задникот кој на чуден начин ѕирка на фотографијата се најдоа на листата најлоши насловни страни и се црна дамка во речиси совршеното портфолио на овој светски познат фотограф.

 

 

Дру Баримор на насловната за Instyle

На прв поглед оваа талентирана актерка изгледа мошне убаво, но има само еден мал недостаток. Фотошопот толку ја избледил позадината што таа се слеала со креацијата на Бариморт која е исто така во бела боја, па се создава илузија дека на актерката и го нема левиот колк. При користење на технички помагала ниту еден фотограф или графичар не смее да си дозволи вакви недостатоци кои тотално го менуваат изгледот на ѕвездата.

 

 

Мелиса Мекарти на насловната за Elle

“Jacketgate”, насловната на магазинот со светска слава и реноме Elle, се претвори во голем скандал. Мелика Мекарти требаше да биде пример за стилска икона чиј моден израз треба да биде водич за жените ширум светот но предимензионираниот капут кој го покри целото тело на актерката беше катастрофален избор на стилистите. Целта на Elle беше да се актуализираат жените со вишок килограми, но замотаната Мелиса, беше окарактеризирана како навреда за целиот женски род кој има некој килограм плус. Ова беше главнта причина за нславното издание на најпопуларниот магазин.

 

 

Џенифер Лопез на насловната за People

Убавата и талентирана пејачка и актерка, Џенифер Лопез ретко кога имала толку лоша насловна и воопшто фотографија од себе. Не адекватната поза, и преголемата употреба на ретуширање на фотографијата се констатираа како главни недостатоци за тотално не атрактивниот ковер.

 

 

Деми Мур на насловната за W Magazine

Насловната страна на Деми Мур за W Magazine, исто така се вбројува во групата на ковери кои се тесно поврзани со неуспешното аплицирање на фотошоп техниката врз фотографскиот момент. Половината и колкот од едната страна се поклопуваат, без никаква пропорционалност на нејзината силуета, а и поставеноста на телото е во многу неудобна поза, што остава чуден впечаток кај читателите и обожавателите на актерката. За да ги смири негативните коментари, Деми ја објави и оригиналната фотографија, но сепак нескладноста е очигледна и затоа сосема заслужена се најде на листата најлоши ковери.

 

 

Кристен Стјуарт на насловната за Glamour

Кој доби зелени очи и две подлактици? Кристен Стјуарт на насловната за магазинот Glamour изгледаше навистина шокантно седната во многу неприродна поза, со голема доза на ретуширање и две подлактици. Односно ногата и раката и се преклопуваат во текстот кој се наоѓа на коверот па изгледа дека ѕвездата на серијалот „Самрак“ се претворила во митско суштество.

 

 

Ле Брон Џејмс и Жизел Бундшен на насловната за Vogue

Магазинот Vogue си дозволи да направи неопростлива грешка за априлското издание во 2008 година. Ле Брон беше како чудовиштето Кинг Конг кој ќе го изеде секој кој ќе го купи магазинот, а Жизел наликуваше на кукла која штотуку излегла од ботокс салон, гледајќи ја нејзината фацијална експресија и не атрактивната поза на телото. Модна утка во комбинација со не адекватна визуелна реализација.

 

 

Парис Хилтон на насловната за Vanity Fair

Една од најголемите грешки при претераното користење на фотошоп техниката е промената на бојата на кожата на личноста која позира. Парис Хилтон се најде баш во таква ситуација на насловната за Vanity Fair. Нејзината фотографија изгледаше повеќе на порцеланска кукла или барбика, која живее во својот огромен дворец и најголема љубов и се кучињата. Љубовта кон кучињата е вистинска, но Парис воопшто не е.

 

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Сцена