Најновиот спот на Дуа Липа инспириран од Титаник

16 февруари 2021

Дуа Липа постојано ги држи своите фанови будни и го освојува нивното внимание. Нејзиниот последен потег е луксузното издание на минатогодишниот албум, поткрепенк со неколку нови досега необјавени песни. Прва од нив е песната We're Good, која е главна тема на радио и телевизиските музички станици, не само поради певливоста, туку и поради фантастичната сценографија и костимографија. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Во спотот Дуа Липа е облечена како кабаре пејачка во Прада фустан, украсен со кристали во сите облици и величини. Носи свилени вели ракавици и винтиџ накит кој неверојатно потсетува на стилот од 20-те години на минатиот век, додека Марк Џејкобс чизмите му даваат на изгледот современа нишка. 

Потоа повторно се појавува во смарагдно зелена тоалета на Прада, за на крај да ја видиме во ретро вамп издание во фустан на Миу- Миу целиот прекриен со бисери и мониста.

Објавено:
16 февруари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
311 пати