Најпознатите фризури од деведесетите години

19 јули 2013

Деведесетите години на минатиот век беа период на големи промени, па дури и на филмското платно.  Во продолжение погледнете ги најинспиративните фризури од познатите тв ликови.

Бренда Волш – 90210

Станува збор за една од најпознатите серии на сите времиња „Беверли Хилс“, а едноставната фризура на Шенон Доерти стана знак на препознатливост за тинејџерките во тоа време, рамна коса со шишки.

Кели Каповски

Фризурата на Тифани Амбер во приватниот живот наликуваше како онаа од познатиот цртан лик, сирената Ариел.

Рејчел Грин

Како што кажавме на почетокоt, фризурата на Џенифер Анистон  е една од најпосакуваните во деведесетите години.

Бренди Норвуд

Не само што е позната како пејачка, Бренди во серијата „Moesha“ редовно ги менуваше фризурите, некогаш дури и по неколку за една епизода.

Клер Денс

Оние кои се сеќаваат на серијата „Мојот таканаречен живот“, сигурно ја паметат и Клер Денс, а нејзината црвена коса беше причина во периодот од 1994 – 95 година да порасне потрошувачката на црвената боја и тоа за 90%.

Петси Стоун

Сите тие кои ја обожаваа оваа фризура, сигурно знаат дека ликот целосно може да го ископираат доколку во едната рака држат шише вотка, а во другата цигара.

Сара Мишел Гелер

Иако постојано беше во борба со вампири во серијата „Buffy the vampire slayer“ изгледа дека нејзината фризура никогаш не  настрада, ниту пак се промени.

Тиа и Тамера

Сестрите негуваа фризури кои секоја девојка и жена ги посакува.

Марџ Симпсон

Иако станува збор за цртан филм, сепак листата на најдобрите фризури од деведесетите години не би била комплетна без  фризурата на Марџ Симпсон.

Моника Гелер

Кортни во улогата на Моника во серијата „Пријатели “нарави неколку промени на фризурата, но сепак најпрепознатлива е онаа кога Фиби и ја скрати косата мислејќи дека сака да има иста како на Деми Мур.

Керол Хетавеј

Витканата коса не одговара секому, но на Керол одлично и стоеше овој тип на бујна кадрава коса.

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Сцена
Тагови: 
фризури