Најновото 78 издание на „Златен глобус“ се одржа неодамна и иако во поинакви услови, модно беше интересно.
И со оглед на тоа дека и неколку денови подоцна се' уште е актуелно, наидовме на интересна информација за тоа кои се најпребаруваните фустани на „Гугл“ од оваа престижна филмска манифестација.
Резултатите што ги направиле од „Гугл“ покажале дека убедливо тоа се фустаните што ги носи Џенифер Лопез. За првпат на оваа манифестација се појавува во 1998 година, во креација на Версаче.
Оваа година ја немаше на црвениот вирутелен килим, но сепак, нејзините модни избори се паметат.
На пример, во 2013 година таа се појави во креација на Зухаир Мурад од тантела, додека пак во 2016 година нејзиниот избор беше жолтиот фустан од Џамбатиста Вали..
2013
Еден од нејзините највпечатливи модни моменти е оној во сребрената креација на Мурад во 2015 година, што беше прогласен и за најпребаруваниот момент таа година.
2015
Лани пак, на црвениот килим зачекори во фустан од колекцијата на брендот „Валентино“ за висока мода, кој привлече многу внимание поради огромната панделка и беше вистински хит на социјалните мрежи.
2020
2011
2009
2007
2016
Имајќи ги овие информации предвид, не е ни чудо што е една од ѕвездите со која сите дизајнери би сакале да соработуваат.
Освен Џенифер Лопез, на второто место во категоријата на најпребаруваните изданија на Златен глобус е за Џенифер Лопренс, која пак најчесто се појавуваше во креации на модната куќа „Диор“ чие и заштитно лице е, за што е издејствуван и милионски договор.
Лоренс - 2014, 2014 и 2016
На третото место пак, за нас изненадувачки, е Емили Ратајковски, кралицата на бикини изданијата. Сепак, во неа некој гледа и поинаква инспирација, па се најде на листата во топ три.
Гвинет Палтроу е на четвртото место и тоа благодарение на минатогодишното појавување во фустанот на брендот „Фенди“ во кафена нијанса, која предизвика многу реакции, па можевме да ја видиме и во листата на најдобро облечени исто колку и кај оние на најлошо облечени.
На петтото место пак е Ема Стоун, која секогаш има различни модни избори, но мошне соодветни за нејзината фигура и црвенкаста нијанса на коса.
Ема Стоун - 2011, 2012, 2017