Иако нејзината книга „Becoming“ официјално беше пуштена во продажба на 13 – ти ноември, истата беше прогласена за најпродавана за изминатата година во САД, а популарноста на Мишел Обама вртоглаво расте.

Деновиве таа објави дека не запира со нејзината турнеја на која ја промовира и говори за книгата, и дека истата ќе трае во текот на целата 2019 – та година.

Тоа значи дека ќе имаме можност повторно да бидеме сведоци на фантастичните стилски избори во кои поранешната прва дама на САД е непогрешлива.

Да се потсетиме, во последните два месеци од минатата година таа беше дел од огромен број настани и имаше безброј промоции со популарни личности, на кои секогаш изгледаше беспрекорно.

Од она што го научивме од неа, можеме да заклучиме дека обожува костими и дека секогаш знае добро да ги носи, дека без разлика на тоа што има 54 години знае да експериментира кога се впечатливите парчиња во прашање и дека насмевката е најдобро оружје за една жена.

Повеќе од сигурно е дека ќе биде вистинска стилска дама и на следните промоции за кои картите се веќе одамна распродадени.

Само од продажбата на книгата таа досега има заработено повеќе од 50 милиони долари, а нејзините обожаватели сè уште инсистираат дека таа треба да се кандидира за претседател.

Што ќе се случи со тоа останува да видиме, а сега е време да се потсетиме на нејзините најстилски моменти од турнејата.

Инфо и фото: New York Post, Standard.co.uk, Getty Images, AFP

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
303 пати