Најубавите фустани на Џенифер Лоренс

30 ноември 2013

 

Џенифер Лоренс, плени со својата појава на црвениот килим по повод премиерата на новото продолжение на филмот „Hunger Games-Catching Fire“. И додека на сите форуми и портали се уште се одвиваат дебати околу нејзиниот избор на фустани, еве кои се без сомневање се прогласени за најубави креации. Од Лондон, па се до Њујорк, Џенифер се појавуваше во креации на модната куќа Диор. На премиерата во Лондон носеше прекрасен дизајн со отворен грб, Рим го обои со фустан во нежна жолта нијанса, во Париз „стариот“ добар црн фустан заврши работа, Њујорк беше резервиран за мини модел на фустан, а во Мадрид оваа актерка која се закити и со Оскар се одлучи за темно син долг фустан, со транспарентен долен дел.

Кој е вашиот фаворит?

 

Лондон Лондон

 

Њујорк Њујорк

 

Париз Париз

 

Рим Рим

 

Мадрид Мадрид

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Сцена