Најуспешните ѕвезди за 2014 година

20 декември 2014

Етаблираното списание „People“ и оваа година ги одбра најуспешните ѕвезди во изминатите 12 месеци на церемонијата на доделување на наградите која се случи вчеравечер во Лос Анџелес.

Рајан Филип Рајан Филип

По тој повод голем број познати личности од светот на шоу бизнисот, модата, филмот и музиката гости и лауреати се собраа во хотелот Хилтон на Беверли Хилс да уживаат во уште едно гламурозно издание на „People“ наградите. Меѓу оние кои дома си отидоа со статуетка беа манекенката Кејт Аптон која беше прогласена за најсексапилна жена на светот, актерот Били Екер се закити со признанието откритие на годината, додека шармантната актерка Кејт Хадсон ја зема наградата за модел на годината. Џенифер Анистон и Мајкл Китон ги добија статуетките за актер и актерка на годината, а пејачката Гвен Стефани ја доби наградата за најстилска икона за изминатата година. На црвениот килим, покрај наградените ѕвезди ги видовме и Џенифер Лопез, Карли Клос, Никол Ричи, Рајан Филип, Лиза Кадроу и многу други кои дојдоа да ги поддржат своите колеги и нормално да уживаат во прекрасниот амбиент на забавата.

 

 

Објавено:
20 декември 2014
Категорија: 
Сцена