Највпечатливите двојки на оскаровскиот црвен килим досега

21 април 2021

Се радуваме на Оскарите во недела, најмногу поради гламурозните стајлинзи кои го красат црвениот килим на пред Долби театарот секоја година. Ѕвездите сјајат најсилно на оваа вечер, а уште поубави се кога доаѓаат со своите филмски или животни партнери.

Реми Малек и Луси Бојнтон

Минатата година таков прекрасен пар беа актерката Натали Портман во креација на Диор и нејзиниот сопруг Бенџамин. Претходната година фантастичен пар беа Реми Малек и Луси Бојнтон во виолетова креација на Родарте. 

Џенифер Анистон и Бред Пит

Во 2000-те и 2010-те години имаше неколку незаборавни двојки на Оскарите - Џенифер Анистон и Бред Пит, Бијонсе и Џеј Зи. 

Сони и Шер

Од 90-те незаборавни се Вил Смит и неговата сопруга Џејда, во зелени креации, а во 1973 икони станаа Сони и Шер. 

Во продолжение, некои од највпечатливите двојки на оскаровскиот црвен килим…

 

Објавено:
21 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
654 пати